ФИЛИПЧЕ ПРЕКУ ЗЕМОН Е ВО ДИРЕКТНА ВРСКА СО АНТИМАКЕДОНЕЦОТ СТОЈАНОВ Манасиевски тврди дека лидерот на СДСМ со тоа си ја запечатува политичката кариера

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека Виктор Стојанов кој се залага за промоција на бугарскиот идентитет, историја и култура во Македонија. Неговите јавни настапи се насочени кон негирање на македонскиот јазик и националната посебност, промовирајќи ја тезата дека Македонците и Бугарите се еден ист народ.

174

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска обвини дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, соработува со Виктор Стојанов, кој има антимакедонски ставови и е персона нон грата во Македонија и единствен лидер на партија во Македонија кој бара Бугарите да влезат во Уставот без гаранции.

–  Специјалниот пратеник на Румен Радев, Венко Филипче, преку Рубин Земон, е во директна соработка со Виктор Стојанов – рече Манасиевски.






Тој потсети дека Виктор Стојанов кој се залага за промоција на бугарскиот идентитет, историја и култура во Македонија. Неговите јавни настапи се насочени кон негирање на македонскиот јазик и националната посебност, промовирајќи ја тезата дека Македонците и Бугарите се еден ист народ.

-Поради неговите ксенофобични односи, тој е означен како закана за националната безбедност од македонските власти и има забрана за влез во земјата – рече Манасиевски.

Тој додаде дека лидерот на СДСМ е соработник со човек кој ја негира Македонија, односно вели дека сме еден народ со Бугарите во две држави.

– Филипче е соработник со човек кој ни го негира идентитетот, јазикот, културата и историјата. Филипче е директен соработник на Бугарија во Македонија, преку бугарските мисии на министерката Петрова Чамова. Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче е единствениот кој бара внесување на Бугари во Устав без гаранции дека тоа е последниот чекор за влез во ЕУ. Венко Филипче со ваквиот однос кон Македонија си ја запечатува својата политичка кариера – рече Манасиевски.

Поврзани содржини