БАЛКАНКА ГО ЗАКЛАЛА ПАРТНЕРОТ Хорор во Германија, по убиството жената сама се пријавила во полиција

Жена (48) во Германија е осомничена дека го убила својот партнер, по што самата се пријавила во полиција и е задржана во притвор.

168

Трагедија се случи во германскиот град Етинген им Гау, каде што 48-годишна жена е осомничена дека го убила својот партнер, по што самата се пријавила во полиција.

Според германските медиуми, непосредно пред полноќ жената се јавила во полициската станица во Пфорцхајм и пријавила дека го усмртила својот партнер (52).






Полицијата веднаш интервенирала во станбениот објект, каде го пронашла безживотното тело на мажот. Лекарските екипи само констатирале смрт.

Според првичните информации од истрагата, жртвата починала како последица на повреди нанесени со остар предмет.

Осомничената, која има хрватско потекло, била уапсена без отпор веднаш по доаѓањето на полициските службеници.

Потврдено е дека жртвата и осомничената биле во емотивна врска.

На местото на настанот биле ангажирани и форензички екипи, а истрагата за околностите и мотивите ја води криминалистичката полиција.

На барање на обвинителството, судот во Ротвајл издал налог за притвор, поради основано сомнение за убиство од небрежност, по што осомничената е задржана во притвор.

Поврзани содржини