НАЈМАЛКУ 90 ЗАГИНАТИ ВО РУДНИК ЗА ЈАГЛЕН ВО КИНА Настанала експлозија на гас за време на предавањето на смената

Се претпоставува дека во моментот на несреќата во рудникот се наоѓале вкупно 247 работници.

2

Најмалку 90 лица го загубија животот по експлозија на гас во рудник за јаглен во северна Кина, јавија денеска државните медиуми.

Засега останува неизвесно уште колку луѓе се заглавени во внатрешноста на рудникот во провинцијата Шанси, лоцирана југозападно од Пекинг, каде што спасувачките напори се одвиваат со полн интензитет. Државната новинска агенција Синхуа претходно објави дека вкупно 201 лице е евакуирано од рудникот по експлозијата што се случи синоќа во округот Ќинјуан, вклучувајќи и осуммина кои веќе биле пронајдени мртви.






Се претпоставува дека во моментот на несреќата во рудникот се наоѓале вкупно 247 работници. Според локалните медиуми, рудникот работел во три смени, а експлозијата се случила токму за време на примопредавањето на смената. Причината за инцидентот сè уште се истражува.

Провинцијата Шанси се смета за јадро на кинеската индустрија за јаглен, која воедно е позната по ниските безбедносни стандарди, поради што ваквите рударски несреќи со голем број жртви не се реткост во земјата. Иако Кина во изминатите години сè повеќе се свртува кон обновливите извори на енергија, јагленот и понатаму покрива нешто повеќе од половина од вкупната потрошувачка на енергија во државата.

Поврзани содржини