„СРЦЕТО НА КАРЕВ ДЕНЕС ПЛАЧЕ“ Скопската гимназија се прости со своите трагично загинати матуранти
„Нашите деца, кои до пред некоја година чекореа по ходниците, седеа во училишните клупи и сонуваа за иднината….тешко е да се поверува дека нивните животи згаснаа прерано“ – пишува во објавата на СУГС Никола Карев.
Од трите момчиња Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов и Адам Велков, кои трагично ги загубија животите во страшната сообраќајка на скопската обиколница, во петокот вечерта трогателно се прости гимназијата „Никола Карев“, каде тие пред две години матурирале.
„Со огромна тага и неверување ја примивме веста за сообраќајната несреќа во којаме ги загубив нашите поранешни ученици, Марко, Петар и Адам, матуранти во генерацијата 2020-2024 година, момчиња познати по насмевките, шармот и другарувањата со сите. Срцето на Карев денес плаче. Нашите деца, кои до пред некоја година чекореа по ходниците, седеа во училишните клупи и сонуваа за иднината….тешко е да се поверува дека нивните животи згаснаа прерано. Изразуваме најискрено и длабоко сочувство до семејствата и најблиските. Нека почиваат во мир“, објавија од СУГС „Никола Карев“.