АНКЕТА ПОКАЖУВА ДЕКА ВРЕДИ Е ПРВА ПОЛИТИЧКА СИЛА ВО АЛБАНСКИОТ БЛОК Видлива предност пред ДУИ
На прашањето „За кого би гласале ако денес се одржат избори?“, 34,5% од анкетираните се изјасниле за Вреди, додека 30,9% за Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Според анкетата спроведена од STRATUM RID, доколку денес се одржат избори, Вреди би била првата политичка сила во албанскиот политички блок, оставајќи ја ДУИ зад себе.
На прашањето „За кого би гласале ако денес се одржат избори?“, 34,5% од анкетираните се изјасниле за Вреди, додека 30,9% за Демократската унија за интеграција (ДУИ).
„Со тоа, Вреди бележи видлива предност пред ДУИ, што претставува јасен показател дека граѓаните ја препознаваат потребата од промени и нов пристап во политиката. Ова е пораката што граѓаните ѝ ја испраќаат на ДУИ, која со години преку манипулации и преку прашања оставени нерешени, се обидуваше да ги потцени Албанците“, соопшти Вреди.
Анкетата е реализирана на примерок од 1.200 испитаници преку директни интервјуи, нудејќи реална слика за актуелното расположение кај албанскиот електорат.
Резултатите покажуваат нов политички тренд и растечка доверба кон Вреди, која сè повеќе се позиционира како главна алтернатива во албанскиот политички камп.