ЧЕТИРИ СЛУЧАИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ЗА ЕДЕН ДЕН Приведени маж и девојка по пријави на блиските

Во Скопје, Прилеп, Тетово и Велес биле пријавени нови случаи на семејно насилство, а две лица завршиле во полициска станица.

0

Четири нови случаи на семејно насилство биле пријавени во изминатото деноноќие низ државата, а полицијата привела две лица поради агресивно и насилно однесување.

Во првиот случај, 37-годишна скопјанка пријавила дека била физички нападната од својот 29-годишен партнер во стан во скопската општина Аеродром. Според пријавата, нападот се случил неколку дена претходно, во раните утрински часови.






Насилство било пријавено и во Прилеп, каде жена пријавила дека била нападната од своето момче во семејниот дом.

Во Тетово, пак, полицијата привела 36-годишен маж откако неговата 62-годишна мајка пријавила дека физички ја нападнал во домот и оштетил дел од покуќнината.

При интервенцијата, полицијата направила алкотест кај тетовецот, при што биле измерени 1,49 промили алкохол во крвта.

Во Велес, рано утринава била приведена и 20-годишна девојка поради агресивно однесување во дворот на семејната куќа.

Од полицијата информираат дека се работи на целосно расчистување на сите случаи, по што ќе следуваат и соодветни пријави.

Поврзани содржини