ОТКУПНИ ЦЕНТРИ ЗА ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК ГИ ИЗИГРУВАЛЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ И ЗАКОНОТ ЗА НЕФЕР ПРАКТИКИ Комисијата за заштита на конкуренцијата им напиша казни

Најдрастични се прекршувањата на законот во делот на регулирање на договорните односи помеѓу откупувачите и добавувачите на земјоделски и прехранбени производи.

288

Неколку откупни центри кои откупуваат овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица се обиделе да го изиграат законот за нефер трговски практики, покажале контролите на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК).

Според КЗК, најдрастични се прекршувањата на законот во делот на регулирање на договорните односи помеѓу откупувачите и добавувачите на земјоделски и прехранбени производи.






-Меѓу утврдените неправилности се:· непостоење на писмени договори за откуп; користење на договори кои не ги содржат задолжителните елементи предвидени со Законот; неусогласеност на договорните одредби со законските обврски – велат од КЗК.

Од Комисијата велат дека против субјектите кај кои се утврдени неправилности ќе бидат преземени соодветни санкции.

Воедно, Комисијата апелира до сите учесници во синџирот за снабдување со земјоделски и прехранбени производи доследно да ги почитуваат законските одредби, со цел обезбедување фер, транспарентни и рамноправни деловни односи, како и заштита на земјоделците и останатите добавувачи од нефер трговски практики.

Поврзани содржини