🎥 КЛОИ КАРДАШИЈАН ИМ ГИ ОТСТРАНИЛА КАНЏИТЕ НА НЕЈЗИНИТЕ МАЧКИ „Мислам дека се несреќни и тоа е моја вина“
Се чувствувам навистина, навистина ужасно што го направив тоа. Мислам дека моите мачки се несреќни поради тоа и тоа е моја вина - вели риалити ѕвездата Клои Кардашијан во новата епизода од својот подкаст кадешто признава дека хируршки им ги отстранила канџите на своите мачки
Риалити ѕвездата Клои Кардашијан се најде на мета на критики откако призна дека хируршки ги отстранила канџите на нејзините мачки. Таа зборуваше за тоа во нова епизода од нејзиниот подкаст, каде што рече дека денес длабоко жали за оваа одлука. Клои објасни дека во тоа време не знаела колку контроверзна била постапката и тврди дека добила лош совет. Постапката е нелегална во Калифорнија од оваа година, освен за медицински цели.
Кардашијан рече дека нејзините две руски сини мачки, Греј Кити и Бејби Кити, имаат проблеми со однесувањето за кои таа верува дека се поврзани со отстранувањето на канџите.
– Навистина бев погрешно информирана во врска со отстранувањето на канџите. Никогаш не сум имала мачка. Дури и не знаев дека тоа се прави. Се чувствувам навистина, навистина ужасно што го направив тоа. Мислам дека моите мачки се несреќни и тоа е моја вина – рече таа и додаде дека мачките носат AirTags затоа што се плаши дека, без канџи, ќе бидат целосно незаштитени ако побегнат од дома.
Операцијата предизвика негодување кај организациите за заштита на животните
Контроверзната процедура, позната како онихектомија, вклучува отстранување на задната коска од прстот на секоја мачка за да се спречи растот на канџите. Поради последици како што се болка, проблеми со рамнотежата и стрес кај животните, бројни здруженија со години бараат нејзина забрана.
Луѓето за етички третман на животните (PETA) остро реагираа на признанието на Клои. Вишиот потпретседател на организацијата, Дафна Нахминович, рече дека процедурата им предизвикува на мачките „доживотно страдање и болка“ и ги повика сопствениците наместо тоа, да користат гребалки и редовно да ги сечат канџите.
Признанието предизвика лавина од негативни реакции и на социјалните мрежи. Многу корисници напишаа дека отстранувањето на канџите е нехумано и сурово и дека се шокирани што Кардашијан не ги истражила последиците од процедурата пред да се согласи на неа. Некои коментираа дека таквата практика треба да се забрани насекаде, додека други го критикуваа ветеринарот кој се согласил да ја изврши процедурата.