🎥 ГРАЃАНИ СО ПРОТЕСТ „ОДБРАНИЈА“ НЕЛЕГАЛЕН И НЕБЕЗБЕДЕН ПЕШАЧКИ ПРЕМИН КАЈ БИТ ПАЗАР Сообраќајот на кратко беше блокиран, интервенираше полицијата

Полицијата интервенираше и ги отстрани демонстрантите, по што ситуацијата се смири, а улицата беше повторно отворена за сообраќај, но самиот премин остана отворен.

365

Градските власти денеска не успеаја да затворат нелегален пешачки премин преку булеварот Крсте Петков Мисирков, кај Бит Пазар поради протест на околните дуќанџии и граѓани.

Работниците беа спречени да ја заварат прекинатата ограда, а сообраќајот на булеварот на кратко беше блокиран. Граѓаните тврдеа дека тој премин им е секојдневен пристап до пазарот, Чаршијата, училиштата, амбулантите и објектите во тој дел од градот.






Градските власти тврдат дека станува збор за див и небезбеден премин. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски изјави дека преминот мора да се затвори од безбедносни причини, бидејќи во близина постојат други премини кај семафорите. Според него, некој направил патека за побрз пристап до објект, но со тоа секојдневно се ризикуваат животи на пешаци, особено на млади луѓе.

Од друга страна, граѓани и дуќанџии тврдат дека проблемот не може да се реши само со ограда. Тие бараат повеќе безбедни пешачки премини во зоната на Бит Пазар, бидејќи надвозникот е во лоша состојба, неодржуван, а лифтот не функционира со години, што го прави речиси неупотреблив за постари лица, лица со попреченост и родители со колички.

Полицијата интервенираше и ги отстрани демонстрантите, по што ситуацијата се смири, а улицата беше повторно отворена за сообраќај, но самиот премин остана отворен.

Поврзани содржини