НЕМА ПРОСТОР ЗА САМОВОЛИЕ НА СДСМ ВО КОМИСИЈАТА ЗА БУЏЕТ Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ испратиле 2 писма за да ја одблокираат работата
Ако најмалку една третина од членовите бараат заседание на комисијата, тоа мора да се случи. Тоа е новото правило по промените на Собранискиот деловник.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците од коалицијата, до претседателот Африм Гаши и до Сања Лукаревска испратиле две писма, потпишани од 12 пратеници, значајно поголема бројка од потребната една третина за одржување седница на Комисијата за финансирање и буџет.
– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи СДСМ и Венко Филипче да го држат Собранието во заложништво, а со тоа да ги стават во прашање инвестициите и развојот. Ако продолжат со неодговорното однесување, наша должноста кон граѓаните и државата ќе биде да ги употребиме деловничките алатки за да ја деблокираме работата на комисијата – рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, кој денеск аповторо се осврна на баналните изговори за блокирањето на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
– Доколку навистина им е важен интересот на граѓаните и реализација на проектите што значат развој на државата, СДСМ треба без одлагање да ја закажат Комисијата за финансирање и буџет. Наместо блокади и политички акробации, потребна е одговорност и поддршка за процесите што обезбедуваат инвестиции, економски раст и подобар животен стандард за секого. Граѓаните очекуваат решенија, а не бегање од соочување со аргументи. Средства за повисоките примања во образованието, здравството и јавниот сектор, за капитални инвестиции, за сервисирање на обврските и задолжувањата што токму СДСМ ги натрупа. Ништо од ова не смее да чека! – рече Стојаноски.
Тој додаде дека промените на Собранискиот деловник кои заеднички ги направиле, не дозволуваат вакви неодговорни блокади, мотивирани исклучиво од дневно-политички игри.
– На СДСМ им е јасно правилото, дека ако најмалку една третина од членовите бараат заседание на комисијата, тоа мора да се случи. Оваа постапка не им остава простор на СДСМ за самоволие – рече Стојаноски.