📽️ „ВОЈНА“ МЕЃУ СКОПЈЕ И БИТОЛА Битолчани возвратија за навредите упатени кон Каролина Гочева
Видео од матурска прослава во Битола предизвика лавина реакции откако матуранти пееја навредливи стихови кон Скопје и кон државата. Тие одговорија на провокациите и навредите кон нашата позната пејачка Каролина Гочева. Таа беше спомената во песните на фудбалерите Вардар кои ја прославуваа титулата освоена во македонското првенство.
Нова бура на социјалните мрежи предизвика видео од матурската прослава на ученици од СОЕУ „Јане Сандански“ од Битола, на кое се слушаат навредливи стихови упатени кон Скопје и кон државата.
За време на изведбата на песната „Дирлада“, матурантите пееле стихови со навредлива содржина, меѓу кои и „да го е*ам цело Скопје и вашата држава“, по што видеото брзо почна да се споделува на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.
Случајот дополнително ја разгоре долгогодишната нетрпеливост и ривалство меѓу дел од граѓаните на Скопје и на Битола, кое во последниот период повторно стана актуелно на интернет.
Песната „Дирлада“ неодамна беше тема на жестоки реакции и поради навредливи стихови насочени кон Каролина Гочева, по што на социјалните мрежи следуваа бројни препукувања меѓу корисници од двата града.