РЕЗОЛУЦИЈА КОЈА МОЖЕ ДА ЈА ЗАВРШИ ВОЈНАТА Сенатот предложи кочници за Трамп

Американскиот Сенат усвои резолуција со која се ограничуваат воените овластувања на претседателот Доналд Трамп во конфликтот со Иран. Со документот практично се бара секоја нова воена акција да добие одобрение од Конгресот.

380

Американскиот Сенат синоќа усвои резолуција за ограничување на воените овластувања на претседателот на САД, со која би се ограничила можноста претседателот Доналд Трамп самостојно да носи одлуки за воени дејствија.

Резолуцијата која допрва оди на гласање во Претставничкиот дом, доаѓа во време кога САД е во отворена војна против Иран и отвора можности за запирање на војната.






Резолуцијата беше изгласана со 50 гласа „за“ и 47 „против“.

Особено внимание привлече фактот што четворица републиканци гласаа заедно со демократите.

„Конгресот носи одлука за војна“

Поддржувачите на резолуцијата сметаат дека според американскиот Устав токму Конгресот, а не претседателот, има овластување да испраќа американски трупи во војна.

Со документот практично се бара секоја нова ескалација со Иран да биде одобрена од законодавниот дом.

Трамп и натаму има опции

Иако Сенатот ја усвои резолуцијата, таа сè уште не е конечна. Следува гласање и во Претставничкиот дом, каде мнозинство имаат републиканците.

Дополнително, Трамп може да стави и претседателско вето.

„Прекинот на огнот остава простор“

Сенаторот Тим Кејн, кој е предлагач на резолуцијата, изјави дека актуелниот прекин на огнот отвора простор Трамп своите аргументи да ги претстави пред Конгресот.

– Претседателот треба да го образложи секој чекор пред американските претставници – порача Кејн.

Нов потрес во Белата куќа

Гласањето се толкува како нов сигнал за растечка загриженост во Вашингтон околу можноста САД повторно да влезат во поширок конфликт на Блискиот Исток.

Одлуката покажува и дека дел од републиканците не сакаат Белата куќа самостојно да одлучува за нови воени операции против Иран.

Поврзани содржини