ДОКУМЕНТИТЕ НА ЕПСТИН УКАЖУВААТ НА СЕКСУАЛНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА ДЕЦА Британската полиција истражува два случаи

Засега нема уапсени лица. Секое пријавување за сексуални деликти го третираме со максимална сериозност и работиме на идентификување на сите траги – соопшти полицијата во градот Сари.

111

Британската полиција денеска соопшти дека води истрага по две обвиненија за сексуална експлоатација на деца, кои произлегуваат од информациите објавени во документите на Министерството за правда на САД поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин.

Полициските власти прецизираа дека едниот пријавен случај е поврзан со локации во јужните англиски грофовии Сари и Беркшир во текот на 90-тите години на минатиот век и почетокот на овој век, додека вториот случај се однесува на наводни инциденти во западниот дел на Сари од 80-тите години.






„Засега нема уапсени лица. Секое пријавување за сексуални деликти го третираме со максимална сериозност и работиме на идентификување на сите траги за да ги провериме информациите или да обезбедиме поткрепувачки докази“, соопшти полицијата во Сари, без да открива дополнителни детали за истрагата.

Претходно во февруари, локалните полициски служби упатија јавен повик за собирање информации по објавувањето на редактиран извештај на ФБИ, во кој се споменуваше трговија со луѓе и сексуално насилство врз малолетно лице во градот Вирџинија Вотер во Сари, во периодот меѓу 1994 и 1996 година. По првичниот преглед на системите кој не открил претходно заведени обвиненија, полицијата примила неколку нови конкретни дојави од граѓани.

Поврзани содржини