🎥 МОЌНА ПЕСОЧНА БУРА ГО ЗАДУШУВА ИРАК, ПРОГЛАСЕНА ТРЕВОГА Досега 837 луѓе побарале лекарска помош поради проблеми со дишењето

Снимките објавени на социјалните мрежи прикажуваат повеќе градови, вклучувајќи ја и престолнината, целосно обвиени во густа портокалова магла.

55

Вкупно 837 лица побарале медицинска помош поради сериозни проблеми со дишењето во изминатите два дена, како последица на силната песочна и прашинска бура што го погоди Ирак, соопшти денеска ирачкото Министерство за здравство.

Како што јави агенцијата ДПА, со природната непогода се погодени неколку покраини во земјата. Здравствените власти во главниот град Багдад и во другите региони се ставени во состојба на висока тревога за да обезбедат соодветна медицинска нега и третман за настраданото население.






Снимките објавени на социјалните мрежи прикажуваат повеќе градови, вклучувајќи ја и престолнината, целосно обвиени во густа портокалова магла.

Песочните бури се редовна појава во Ирак и најчесто се предизвикани од силните северозападни ветрови кои дуваат преку рамнините на реките Тигар и Ефрат во пустинскиот регион, особено во текот на потоплите месеци од годината. Сепак, земјата во последно време сè потешко се справува со последиците, со оглед на тоа што се соочува со голема суша.

Експертите посочуваат дека ова не е резултат само на глобалните климатски промени, туку и на погрешните домашни политики за управување со водите. Ситните честички прашина во воздухот драматично го влошуваат квалитетот на околината и претставуваат сериозен ризик за јавното здравје.

Поврзани содржини