СО ИЗГОВОР ДЕКА НЕМАЛО КАДЕ ДА СЕДНАТ ЈА БЛОКИРАЛЕ КОМИСИЈАТА ЗА БУЏЕТОТ Стојаноски го повика СДСМ да не бега од дебата

Владата на ВМРО-ДПМНЕ само по основ на еврообврзници кои ги има земено СДСМ треба да врати вкупно 2,4 милијарди евра. За 2026 година вкупниот долг што треба да го сервисира државата е во износ од 2,4 милијарди евра.

435

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски ги повика СДСМ и Венко Филипче да покажат одговорност и да овозможат институциите да работат откако ја обвини опозицијата дека со банални оправдувања денеска не дозволила да почне со работа Комисијата за финансирање и буџет.

– Денес повторно сведочиме на неодговорен и неодржлив пристап од страна на СДСМ, Венко Филипче и целокупната опозиција со банални оправдувања дека немало место каде да седнат и слични изговори, само за да не започнеме со работа на Комисијата за финансирање и буџет. Со денови Венко, СДСМ и целата опозиција го проблематизираат заемот, па кога побаравме да биде прва точка на дневен ред и веднаш да ги соочиме аргументите – тие избегаа од соочувањето – рече Стоајноски.






Тој потстува дека на Комисијата за финансирање и буџет се наоѓаат точки кои се директно поврзани со функционирањето на државата, обезбедување средства за реализација на обврските преземени со колективните договори, како и продолжување на капиталните инвестиции. Станува збор за средства со кои треба да се обезбеди навремена исплата и реализација на политики важни за граѓаните — повисоки примања во образованието, здравството и јавниот сектор, изградба и реконструкција на инфраструктура, училишта, болници и други проекти.

– Наместо аргументирана дебата, сведочиме на обид за блокада на работата на Комисијата и кочење на процеси кои се во интерес на граѓаните и државата. За потсетување на јавноста, Владата на ВМРО-ДПМНЕ само по основ на еврообврзници кои ги има земено СДСМ треба да врати вкупно 2,4 милијарди евра. За 2026 година вкупниот долг што треба да го сервисира државата е во износ од 2,4 милијарди евра – рече Стојаноски и нагласи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да дозволи политички калкулации и дневнополитички интереси да го загрозат функционирањето на државата и реализацијата на проектите кои се важни за граѓаните и ќе ги преземе сѐ што е во рамките на Деловникот и законите во интерес на државата.

Поврзани содржини