ЛЕТАЛ ПО АВТОПАТОТ КАЈ ГЕВГЕЛИЈА Косовски државјанин фатен со 203 КМ/Ч
Полицијата со радар го фатила 30-годишниот возач како со „ауди А6“ вози 83 километри над дозволеното на автопатот А1.
30-годишен државјанин на Косово бил приведен откако полицијата го фатила како вози со брзина од дури 203 километри на час на автопатот А1 кај клучката Смоквица, во близина на Гевелија.
Инцидентот се случил во неделата вечер околу 22:18 часот, кога полициски службеници при радарска контрола забележале дека возачот управува „ауди А6“ со косовски таблички со брзина далеку над дозволената.
На делницата каде што бил запрен, максималната дозволена брзина е 120 километри на час.
Од полицијата информираат дека возачот веднаш бил исклучен од сообраќај, а за случајот бил известен и јавен обвинител.
Против него е поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.