САКАЛ ДА ЈА СПАСИ ЌЕРКАТА, ПА ДОБИЛ УДАР СО КУНДАК Малолетничка држена за врат, таткото претепан

Татко од Кондово тврди дека бил нападнат со кундак од пиштол откако се обидел да ја одбрани својата малолетна ќерка.

326

41-годишен жител на скопското село Кондово пријавил дека бил нападнат и повреден со кундак од пиштол пред својот дом, откако се обидел да ја заштити својата малолетна ќерка.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил во неделата вечер околу 21:30 часот. Н.Ш. пријавил дека 18-годишниот Б.И. физички го нападнал и му нанел повреда удирајќи го со кундак од пиштол.






Како што навел во пријавата, претходно во текот на денот неговата малолетна ќерка имала расправија со друга малолетничка.

Кога вечерта забележал дека Б.И. и уште едно лице ја држат неговата ќерка за врат пред куќата, се обидел да интервенира и да ги оттурне, по што бил нападнат.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини