Професорот Горан Начевски од Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје како претседател се одважи да ги обедини, односно сплоти металурзите во една голема целина и заедно да се спротистават на сите лаги и измами кои се шират во јавноста од страна на самопрогласени екологисти. Поради оваа причина со рационално реорганизирање на Здружението на металурзи и заедно со своите потпретседатели, совесни професори и членови инженери го одлучиле следново.
Стоп на лагите на екологистите поради тоа што ниту еден од нив не разбира технологија ниту пак прочитал некаква литература која ја објаснува металургијата и индустријата во целост . За тоа како лажат екологистите подржани од дневно политички математики и некои новинари, а се е од лукративни причини малку подоле во колумната.
За да може полесно да се разбереме. Која е визијата на металурзите? Многу е едноставна. Јас ќе набројам неколку параметри:
1. Првенствено да се врати достоинството на професија металург;
2. Кога се зборува за било каква технологија за метал, за тоа може да говори само металург;
3. Во Македонија постојат наоѓалишта со метал вреден минимум 100 милијарди евра и тоа исклучиво во источните предели на државата;
4. Индустријата во овој момент има 20 проценти импакт врз БДП и металурзите заедно со рударите и геолозите сакаат да биде 26 проценти;
5. Преку рударско-металургиски комбинати да се намали дефицитот кај извозот на Македонија за 28 проценти;
6. Минимална плата од 1.200 евра во овие геолошко-рударско-металургиски комбинати;
7. Комплетна заштита на животната средина преку Нови достапни технологии(НДТ) во согласност со правилата на Европската Унија;
8. Комплетна дехидрација на сите хидројаловишта и заштита на ретките метали кои се во нив;
9. Комплетно чистење на сите јаловишта пред сѐ на Лојане, Велес и Југохром, ама, едно големо ама, тие се сите вредни како минерални суровини и затоа само металурзите знаат како мора да се изведе постапката;
10. Вложување во образованието и тоа стипендирано од страна на геолошко-рударско-металургиските компании и стопирање на демографската девијација;
11. Коалиција со сите кои работат во индустријата.
Металурзите се оние поради кои ја напишале „Како се калеше челикот“. Нема случајност во тоа. Тие се оние кои можат да ја водат државата во вистински правец. Металурзите ја разбраа и препознаа стратегијата на Европската Унија кога станува збор за критични и ретки метали. За да бидам попрецизен во соседната ни држава Србија има метал-литиум кој во 2050 година Европска Унија кажува, а јас читам дека ќе биде 57 пати поскап од моменталната цена. За платиниумската група на ретки метали кој геолозите и металурзите ќе кажат дали ги имаме во Македонија во 2050 година, цената ќе биде 970 пати поскапа од моменталната.
Македонија докажано поседува бакар и злато. Некој, а тоа се екологистите, смислено сакаат да ги оставиме на страна и да се самопрогласиме за неспособни.
Ќе дадам два примера, а за овие личности кои сега ќе ги споменам криви се некои медиумски личности, ама и политичари кои не гледаат подалеку од носот.
Станува збор за Ненад Коциќ и Марина Томова. Во нормална држава би биле сериозен предмет на правосудните органи. Еве зошто.
Марина Томова
Оваа навидум фина дама која има емотивни настапи на медиуми кога се говори за екологијата односно за заштита на животната средина да објаснам со два прости примера како лаже. На национална телевизија кажа дека сегде во светот се рушат сите хидроцентрали. Лаже без скрупули.
Првиот пример е спречување на изградба на мала хидроцентрала на реката Дошница. Наводно ќе се загадела реката и ќе бил уништен целиот животински свет во неа.
Оваа госпоѓа која лаже за ваквата ситуација заборавила дека на самата река има постојна хидроцентрала во делот кај општина Демир Капија и тоа од 1952 година каде е изведен тиролски зафат ѕидан од камен, има должина од 4.400 метри и пречник од 1.600 милиметри, па има доводен дополнителен тунел од 3.400 метри итн.
По однос на живиот свет има рибник „Дошница“ кој има на располагање 100 тони риба.
Истава госпоѓа заедно со нејзиниот пријател пчелар нѐ убедуваат дека ако се прави нова хидроцентрала на горниот дел на реката Дошница дека поставување на цевковод ќе го уништи целиот еко систем. Воедно другарот пчелар на национална телевизија раскажа дека ќе се исечеле 1.000 хектари шума за да се изгради новата хидроцентрала. Се извинувам ама 8 метри ширина помножено со 4.000 метри должина вели 3,2 хектари за прооден пат. Значи излажаа заедно само за 996,8 хектари шума.
Значи со технологија од 1952 година не се случило ништо, ама сега овие експерти за измами и лаги ни кажуваат дека ќе се случи.
Вториот пример на лажење од страна на госпоѓава и тоа кај истиот новинар само сега на друга национална телевизија основана од петрохемиска работна организација ни соопшти на нас кои сакаме да се инвестира во геолошко-рударско-металургиски комбинати дека ако се отворел рудник во селото Луке, општина Крива Паланка, дека ќе имало прашина која ќе патувала 120 километри до нејзиното родно место и ќе го загадело земјоделието во Гевгелија.
Вака да лажеш на две национални телевизии можам само да го кажам следново: нема да коментирам, само повторно ја повикувам државата да утврди која институција да комуницира со соодветнава госпоѓа, правосудна или пак здравствена.
Во следната колумна имам намера да објаснам какво злодело на Македонија има направено лицето Ненад Коциќ. Не со лажење и манипулации. Со факти.
(Авторот е секретар на Здружението на металурзи)