ГЛОБАЛНИОТ ТУРИЗАМ ЌЕ ЗАБЕЛЕЖИ РАСТ ОД 3,2% ГОДИНАВА Најпосетувана ќе биде Европа
Светскиот совет за патувања и туризам предвидувањата за 2026 година ги базираат на моменталните економски и геополитички услови и вклучуваат претпоставки поврзани со инфлацијата, цените на енергијата, побарувачката за туризам и регионалните геополитички настани, поради што тие можат да се променат.
Туристичката и патничката индустрија во светот ќе порасне за 3,2% во 2026 година и да поддржи околу 376 милиони работни места во 2026 година, што значи едно од девет во светот, проценува Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC).
Советот соопшти дека предвидувањата за 2026 година се базираат на моменталните економски и геополитички услови и вклучуваат претпоставки поврзани со инфлацијата, цените на енергијата, побарувачката за туризам и регионалните геополитички настани, поради што тие можат да се променат.
Според моменталните услови, WTTC предвидува дека зголемувањето на туризмот и патувањата во 2026 година најмногу ќе се „почувствува“ во Европа, која е и најпосетуваниот регион во светот. Растот на тој сектор треба да биде поголем од растот на целокупната европска економија, со што ќе се зајакне неговата улога како еден од најсилните двигатели на растот, работните места и инвестициите на континентот.
„Се предвидува дека европскиот БДП ќе порасне само за 1% во 2026 година поради постојаните инфлаторни притисоци и економската неизвесност, додека БДП за патувања и туризам во Европа се очекува да порасне за 3,6% или речиси четири пати побрзо од вкупниот“, наведуваат од WTTC.
И новото истражување на WTTC за економското влијание на туризмот уште еднаш ја потврдува, како што велат, „извонредната отпорност“ на секторот, дури и во ситуација кога домаќинствата се соочуваат со постојано растечки трошоци и зголемување на побарувачката за „вредност за парите“.
Светскиот совет за патувања и туризам предвидува дека потрошувачката на меѓународни туристи во Европа исто така ќе се зголеми во 2026 година, за 7,1% во споредба со претходната година, додека просечниот раст во светот ќе биде помал, за околу 3,7 %. Тоа се толкува како тренд патниците сè повеќе да избираат дестинации поблиску до домот, во услови на геополитичка несигурност и нарушувања во другите региони во светот.
Дестинациите од Јужна Европа ќе продолжат да го „предводат“ растот во Европа, каде што ја издвојуваат Шпанија со една од најсилните туристички економии во Европа, која ќе порасне за 3,7% во 2026 година, според WTTC.
Сличен раст на туристичкиот и патничкиот сектор, од околу 3,7 и 3,8%, предвидува WTTC во 2026 година за Турција и Италија.