🎥 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ЖЕСТОКА ТЕПАЧКА НА ПРОТЕСТОТ ЗА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ Петмина се нафрлија на едно момче
Полицијата информира дека тројца од учесниците во тепачката се приведени во полициска станица.
На денешниот протестен собир, на кој студенти Албанци бараа право да полагаат правосуден испит на албански јазик, се случи тежок инцидент во строгиот центар на Скопје, кога групa млади луѓе, кои според информациите биле меѓу учесниците на протест, влегоа во жестока физичка пресметка.
Според она што се гледа од снимката што ја објавија повеќе медиуми, а првично порталот Ора24.мк. се чини дека едно момче е нападнато од група од пет-шест напаѓачи. Видеото содржи сцени на насилство и може да биде вознемирувачка за дел од публиката.
Полицијата го потврди инцидентот во одговор до порталот Курир.мк.
„Денеска (18.05.2026) околу 17:45 часот полициски службеници од СВР Скопје приведоа три лица македонски државјани пред Министерството за правда поради нарушување на јавниот ред и мир“ – напиша МВР.
View this post on Instagram