МАЈА ШИВАГНАНАМ Е НОВА БРИТАНСКА АМБАСАДОРКА ВО МАКЕДОНИЈА Од лани учи македонски јазик
Маја Шивагнанам е именувана за нова британска амбасадорка во Македонија.
Британската амбасада во Скопје преку соопштение на својата фејсбук-страница информира дека Шивагнанам ќе ја преземе функцијата во август оваа година од досегашниот амбасадор Метју Лосон, кој беше на оваа должност од 2022 година.
Во биографијата на новата амбасадорка се наведува дека таа од 2001 година е дел од политиката и има 25 години професионално искуство во британската дипломатија.
Дипломатска служба имала и во Анкара, Турција, каде што била раководител за глобални прашања.
Во периодот од 2023 до 2025 година ја извршувала функцијата заменик-директор на самитот на Европската политичка заедница, кој минатата година беше организиран во Лондон.
Од минатата година посетува обука за македонски јазик.