ГО „ОГРАБИЈА“ ЈОКИЌ ЗА 205 ГЛАСОВИ Објавени деталите од гласањето за МВП во НБА

НБА лигата ја објави деталната листа од гласањето за МВП наградата, а Никола Јокиќ остана далеку зад Шеј Гилјус-Александер и покрај подобрите бројки во повеќе статистички категории. Српскиот центар доби дури 205 поени помалку од плејмејкерот на Оклахома.

257

НБА лигата официјално ги објави резултатите од гласањето за најкорисен играч во сезоната, а Шеј Гилјус-Александер убедливо ја освои МВП титулата пред Никола Јокиќ. Канаѓанецот собра 939 поени, додека српскиот центар заврши втор со 634.

Разликата дополнително се гледа и кај гласовите за прво место. Шеј добил 83 такви гласа, а Јокиќ само 10.






Никола доминираше, Шеј го доби трофејот

Кошаркарот на Оклахома сезоната ја заврши со просек од 31,1 поен, 6,6 асистенции и 4,3 скока по натпревар.

Од друга страна, Јокиќ имаше 27,7 поени, 12,9 скока и 10,7 асистенции, што значи дека беше подобар во скоковите и асистенциите.

Трет во гласањето заврши Виктор Вембанјама со 569 поени, а зад него останаа Лука Дончиќ, Кејд Канингем, Џејлен Браун, Кавај Ленард и Донован Мичел.

Повторно се отвори дебатата за МВП

По објавувањето на резултатите, на социјалните мрежи повторно се отвори дебата дали Јокиќ бил оштетен во изборот за најкорисен играч.

Дел од навивачите сметаат дека статистиката на српскиот центар била доволна за нова МВП титула, додека други посочуваат дека успехот на Оклахома имал големо влијание врз гласањето.

Поврзани содржини