🎥 ДЕЦАТА НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА ДУИ ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ СВОИТЕ РОДИТЕЛИ Протестираат за проблемите што самите не ги решија, реагира Вреди

Од Вреди велат дека никој не е против студентските протести, но дека кога студентските каузи се користат за политичко враќање на истрошени фигури, тогаш граѓаните имаат право да се сомневаат.

283

Против кого протестираат децата на функционерите на ДУИ? Против своите родители или против последиците од политиките што токму ДУИ ги остави зад себе во изминатите 22 години, прашува Вреди.

„Денес гледаме еден политички парадокс: луѓето кои со години ги контролираа институциите, денес преку своите деца протестираат за проблемите што самите никогаш не ги решија. Кога ДУИ имаше министри, пратеници и апсолутна власт, зошто молчеа за овие неправди?“, прашува Вреди.






Од Вреди велат дека никој не е против студентските протести, но дека кога студентските каузи се користат за политичко враќање на истрошени фигури, тогаш граѓаните имаат право да се сомневаат.

Студентите заслужуваат решенија, а не политичка манипулација, порачуваат од Вреди.

Реакцијата на Вреди се однесува на најавениот протест за денеска на албанските студенти за полагање на правосудниот испит на албански јазик.

Погледнете го видето на следниот линк

Поврзани содржини