ФИЛИПЧЕ СО ОТВОРЕНИ ОЧИ СОНУВА ВЛАСТ Ако сака да се бори со корупцијата нека почне од Заев

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение му порача на лидерот на СДСМ Венко Филипче, ако сака да се бори против корупцијата, „нека ги повика штетниците во обвинителството како Ислам Абази и Катерина Коларевиќ да ја ослободат институцијата од каде што ги штитат токму криминалците на СДСМ и ДУИ“.

53

Додека Филипче сонува со отворени очи власт во Македонија, нека почне од самиот себе и нека ги повика Заев и останатите да ги вратат украдените пари и да одговараат пред правдата – реагираше со соопштение ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СДСМ, одржана од претседателот на партијата Венко Филипче.

„Венко Филипче на прес-конференција објави некаков си фронт и го нарекол „За вистина и правда”. А, во таканаречениот фронт учесници се единствено, самиот Филипче и неговите партиски другари, исто како него, лојалисти на Зоран Заев, поставени во партиското раководство на СДСМ токму од Заев.






И така обединети, малкумината партиски другари останати и поставени во СДСМ токму од Заев, единствено со отворени очи сонуваат власт, иако знаат дека народот не ги сака и за нив не гласа. Тоа им го покажаа на четири последователни изборни циклуси, а на последниот ги донесе до биолошкиот минимум од одвај 130 илјади гласа, со што СДСМ стана трета партија во државата и петта во градот Скопје.

Ако навистина Филипче е загрижен за државата и граѓаните како што глуми на прес конференциите, не мора да чека некој да го донесе на власт, зошто граѓаните секако нема го гласаат на избори, нека ги повика поранешните владини функционери од СДСМ кои ја опљачкаа државата и ги осиромашија граѓаните, на чело со Зоран Заев, да ги вратат украдени пари и да се предадат на органите на прогонот.

Може Филипче и тој да биде пример за останатите и нека биде прв кој тоа ќе го направи за да се истражи целата негова инволвираност во набавките на модуларните болници, каде тој лично ја правел тендерската спецификација и потпишувал анекси за зголемување на цената за 20%, кои веројатно завршиле по приватни џебови, што како таа во Тетово, граѓаните со живот ги платија.

Исто така, Филипче не мора со отворени очи да сонува да дојде на власт за да го донесе таканаречениот нивен закон за нулта толеранција на корупција и не мора да го чека европското обвинителство, прво нека ги повика штетниците во обвинителството како Ислам Абази и Катерина Коларевиќ да ја ослободат институцијата од каде што ги штитат токму криминалците на СДСМ и ДУИ, нешто што е многу очигледно по стопирањето на постапката за случајот „Мазут” за сторен криминал тежок 167 милиони евра.

Наместо заштита од компромитираните и од нив избрани кадри во судството и обвинителството, СДСМ и Филипче нека побара нивно заминување и целосна истрага за набавките на јаглен за потребите на РЕК Битола од фирма која на Венко Филипче му подарила луксузен џип Ауди Q8, и сомнителните милионски трансакции од истата фирма на сметка на фирма на Заев во Бугарија, каде што на иста адреса и Филипче имал фирма.

Кога ќе се истражат сите овие случаи, кога ќе има одговорност за овие и други криминални и корупциски делувања од страна на Заев, Филипче и останатите, и кога парите ќе се вратат во буџетот, ќе има и за повисоки плати, за повисоки пензии, ќе има повеќе пари и за земјоделците, за повеќе градинки, училишта, болници и за чесните кадрите во судството и обвинителството кои правдата ќе истераат до крај.

И уште нешто, џабе му е еуфоријата на Венко Филипче за победата на Бугарија на Евровизија и слугувањето на бугарските интереси како послушен пиун на Румен Радев, тоа не му носи политички поени кај македонските граѓани. Затоа што граѓаните дополнително ја гледаат поданоста и измеќарството на туѓите агенди, наспроти и на штета на македонските национални интереси“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини