ДРОН ПОГОДИ НУКЛЕАРНА ЦЕНТРАЛА ВО ОБЕДИНЕТИТЕ АРАПСКИ ЕМИРАТИ Не е предизвикана зголемена радијација

Не е познато кој го испратил дронот, иако највероајтно станува збор за Иран, кој во последните денови сè повеќе им се заканува на ОАЕ.

72

Во нуклеарната централа Барака во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска избувна пожар откако беше погодена од дрон, а засега нема радиолошки последици за животната средина, објавија властите.

Не е познато кој го испратил дронот, иако највероајтно станува збор за Иран, кој во последните денови сè повеќе им се заканува на ОАЕ поради отстапувањето на просторот на земјата на израелската армија и нејзината противракетна одбрана за време на војната што започна на 28 февруари.






Официјални лица објавија дека пожарот не ја оштетил електраната и дека сите нејзини делови продолжуваат да работат без прекин.

Електраната Барака е изградена во 2020 година со помош на Јужна Кореја и чинела околу 20 милијарди долари.

Абу Даби потпиша договор за електрана со САД познат како Договор 123, во кој ОАЕ се согласи да се откаже од домашното збогатување на ураниум и преработката на потрошено гориво за да ги отстрани стравувањата од нуклеарна пролиферација.

Електраната се снабдува со ураниум од странство.

Поврзани содржини