ЌЕ СЕ ГРАДИ ДОЛГОНАЈАВУВАНИОТ ЕКСПРЕСЕН ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА -ДЕЛЧЕВО Проектот е во фаза на подготовка

Изградбата на овој пат ја најави премиерот Христијан Мицкоски, денеска во Виница.

117

Премиерот Христијан Мицкоски најави почеток на активности за реализација на нов инфраструктурен проект, експресниот пат Кочани–Виница–Делчево, кој, како што рече, со години бил ветуван, а сега влегува во фаза на подготовка.

– Следната недела ќе биде распишан, јавен повик за изработка на физибилити студија на предпроектно решение практично со што отпочнуваме со реализација (на овој проект, тоа се од прилика процес од неколку месеци, а потоа со средства од буџетот и во соработка со меѓународни финансиски институции ќе биде објавен тендер за реализација по принципот на овој проект, којшто ќе биде многу значен, и е ветуван со години, но еве дојде ред да се реализира – рече Мицкоски.






Поврзани содржини