ТАТКОТО ГО ПРИЈАВИ СИНОТ ЗА ИЗВРШЕНО УБИСТВО Полицијата го уапси и го пронајде убиеното момче во шумата кај Сарај

Според Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 15 мај 2026 година во шума во близина на Сарај.

1,419

Полицијата рано утрово уапси 19-годишник од село Бојане, осомничен за убиство на 18-годишник од истото село.

Според Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 15 мај 2026 година во шума во близина на Сарај.






Осомничениот М.Б. го признал делото на својот татко кој го пријавил во полиција. Телото на жртвата и осомниченото оружје употребено во кривичното дело е пронајдено од страна на полицијата.

„Денеска во 00.50 часот во с.Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б. (19) од с. Бојане поради основано сомнение за сторено кривични дело „убиство“ по член 123 од КЗ. Претходно, на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15.05.2026 во шума во околината на с.Сарај со пиштол го усмртил Б.Д. (18) од Бојане“, соопшти полицијата.

Поврзани содржини