ВНИМАВАЈТЕ, СЛЕДУВА НЕВРЕМЕ СО ПОРОЕН ДОЖД И СО СИЛЕН ВЕТЕР Издадени портокалов и жолт аларм од УХМР, еве што значи тоа

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд во количини над 20 литри на квадрат, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува засилен до силен ветер, со брзина над 70 километри на час, предупреди УХМР.

247

Управата за хидрометеоролошки работи издаде портокалов метеоаларм за источна и за западна Македонија и жолт аларм за централна Македонија за силен дожд и силен ветер.

Времето утре ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд во количини над 20 литри на квадрат, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува засилен до силен ветер, со брзина над 70 километри на час.






Фото: УХМР

 

Најстуденото утро ќе биде во Маврово, каде температурата ќе изнесува 6 степени, а најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 23 степени Целзиусови.

И во Скопје утре се очекуваат поинтензивни процеси. Ќе има услови за појава на краткотрајно невреме, со интензивен пороен дожд, засилен ветер и со грмежи. Температурата ќе се движи од 10 до 21 степен.

Потоа следува период на променливо облачно време, со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во недела ќе дува засилен до силен ветер, кој наместа ќе надминува брзина од 60 километри на час.

Во вторник повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со силен ветер.

 

Фото: УХМР

 

Алармите за предупредување на населението од временски непогоди се издаваат во жолта, портокалова и во црвена боја и се дел од системот за метеопредупредувања во Европа.

Жолт аларм значи умерена опасност од временските прилики, со можност за умерени последици по околината, портокалов значи дека опасноста е голема, а црвениот аларм предупредува за екстремна опасност, со можност за катастрофални последици по луѓето, нивните имоти и по околината.

Алармите се издаваат за различни временски прилики и појави: за ветер, дожд, горештина, студ, снег, мраз, грмотевици, крајбрежни настани, шумски пожари, лавини, поплави, порои, опасности на море и за суша.

За утрешниот ден се издадени аларми за целиот Балкан.

Фото: Принтскрин
Поврзани содржини