ЕДНО Е ДЕЈВИД ГЕТА ЗА СИТЕ НА СТАДИОН Друго е Филипче на приватна журка со Харис Џиновиќ во Дубаи

Срамно е што СДСМ е и против прослава на независноста на Македонија, очигледно го чекаат славјето на денот за независноста на Бугарија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

251

Едно е Дејвид Гета за сите на стадион, друго е Венко Филипче со крадени народни пари на приватна журка со Харис Џиновиќ, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ го чека денот на независноста на Бугарија, додава партијата.

„Разбираме дека Дејвид Гета не му е по вкусот на Филипче кој го преферира Харис Џиновиќ, но разликата помеѓу Дејвид Гета на стадион, достапен за сите граѓани и Харис Џиновиќ на приватна журка на Филипче и Зоран Заев во Дубаи платен со крадени пари од граѓаните е евидентна и огромна. Срамно е што СДСМ е и против прослава на независноста на Македонија, очигледно го чекаат славјето на денот за независноста на Бугарија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ претходно побара одговори од Владата во врска со најавениот концерт на Дејвид Гета во Скопје по повод 35 години од независноста на Македонија. Од партијата прашаа колку ќе ги чини граѓаните целиот настан, наведувајќи дека само хонорарот на Дејвид Гета изнесува најмалку еден милион евра.

Поврзани содржини