ТРИПУНОВСКИ НАЈАВИ „ПОРТА ЗА ИЗВОЗ“ Во Скопје ќе се градат два големи агро-објекти
Скопје ќе биде поставен камен-темелник на нова современа платформа за пласман на земјоделските производи, која треба да претставува една од најзначајните инфраструктурни инвестиции во секторот. Министерот Трипуновски најави видливи инвестиции во земјоделието.
– Ќе изградиме два големи објекти со магацински простор, капацитети за калибрација, изложбен дел и фитосанитарна контрола. Тоа ќе биде вистинска порта за извоз на македонските земјоделски производи, како за домашниот така и за странските пазари – нагласи министерот.
Трипуновски посочи дека паралелно се реализираат и системи за наводнување во соработка со Германската развојна банка КФВ.
– Работиме и во делот на носењето на нови закони кои ќе значат нови правила на игра во делот на регулација на пласман, откуп на земјоделски производи, олеснување на многу процедури во делот на земјоделското производство – рече тој.
Министерот додаде дека заедно со Државниот инспекторат за земјоделство и другите институции активно го следат процесот на откуп и почитувањето на законите.
– Целта е земјоделците да имаат стабилност и да знаат дека има некој што го следи процесот и дека не се оставени сами на себе како во минатото.