📽️ ОТВОРЕНА ЛАБОРАТОРИЈА БЕЗ ЛУЃЕ Јапонски робот од корен ја менува медицината

Универзитетот во Токио отвори лабораторија во која роботи самостојно спроведуваат медицински експерименти и лабораториски анализи. Планот е до 2040 година околу 2.000 роботи да ги извршуваат речиси сите фази од научните истражувања.

33

Роботот Махоло Лабдроид стана симбол на новата ера во јапонската медицина откако Универзитетот во Токио отвори лабораторија во која роботи самостојно изведуваат медицински експерименти што досега ги правеле луѓе.

Во Центарот за иновации по роботика веќе работат 10 роботи, а целта е постепено да се автоматизира речиси целиот процес на научните истражувања.

Роботите со две механички раце можат да изведуваат исклучително прецизни задачи, како пренесување реагенси, работа со лабораториска опрема и автоматско култивирање клетки без човечка интервенција.

„Јапонската наука да стане најдобра“

Директорот на центарот Кеиџи Накајамана изјави дека роботиката и вештачката интелигенција се клучни за иднината на науката.

– Сакаме јапонската наука да ја направиме најдобра во светот – изјави Накајамана за време на отворањето на центарот.

Тој додаде дека роботите учествувале и во самата церемонија, вклучително и во симболичното сечење на лентата.

– Вештачката интелигенција и роботиката претставуваат значајни алатки за постигнување на оваа цел – порача Накајамана.

2.000 роботи до 2040 година

Планот на Универзитетот во Токио е до 2040 година бројот на роботи да порасне на околу 2.000.

Според првичните најави, тие во иднина би ги извршувале речиси сите фази од истражувачката работа, од генерирање научни хипотези до нивна проверка и верификација.

Јапонските медиуми наведуваат дека ваквиот потег доаѓа во време кога истражувачките институции се соочуваат со недостиг од кадар и потреба од намалување на човечките грешки.

„Махоло“ веќе работел во болница

Роботот Махоло претходно бил претставен и во болница во Кобе специјализирана за офталмологија.

Јапонските научници веруваат дека ваквите системи би можеле драматично да ја забрзаат медицинската наука и развојот на нови терапии.

Истовремено, проектот отвора и нови прашања за тоа колку далеку роботите ќе можат да го заменат човечкиот фактор во лабораториите.

Поврзани содржини