🎥 ДРАМА ВО ПЕКИНГ, 89-ГОДИШНА ЖЕНА ВИСЕШЕ ОД 20-ТИ КАТ Се симнувала по фасада, спасена во последен момент
Драматична сцена како од филм се одигра во Пекинг, каде 89-годишна жена буквално висеше од облакодер, обидувајќи се да се спаси откако останала заклучена во својот стан. Вознемирувачкото видео, кое експресно се прошири на социјалните мрежи, ја прикажува како се движи по фасадата на зградата на височина од повеќе десетици метри.
Според информациите од кинеските медиуми, жената случајно се заклучила во просторија од станот и немала телефон за да повика помош. Во обид сама да се извлече, излегла низ прозорец и почнала да се спушта по надворешниот дел од зградата, користејќи метални држачи и конструкции околу клима-уредите.
Сведоци во шок ја забележале како се движи меѓу 27 и 21 кат, држејќи се со рацете за тесни рабови. Веднаш била повикана итна помош, а пожарникарите пристигнале за неколку минути.
View this post on Instagram
Интервенцијата била исклучително ризична, но спасувачите успеале да ја обезбедат со јаже и да ја внесат назад во зградата. За среќа, и покрај драмата и опасноста, жената не претрпела повреди.
Случајот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи во Кина, каде многумина ја опишуваат постапката како „неверојатна храброст“, но и предупредуваат на опасностите од вакви ситуации, особено кај постари лица кои живеат сами.