НЕМОЈ ОВА, НЕМОЈ ОНА! Правила што секое дете мора да ги прекрши
Не скокај по кревет, не си играј со храната, не прави хаос… А зошто да не? Многу е важно да знаете како понекогаш да „оладите“ и малку да уживате во детската анархија.
Сакајќи да не прават грешки во воспитувањето, родителите честопати претеруваат обраќајќи му се на своето дете исклучиво со реченици кои започнуваат со зборовите „немој“, „внимавај“, …
Во овие моменти е многу важно да знаете како понекогаш да „оладите“ и малку да уживате во детската анархија. Понекогаш дозволете му на детето да ги прекрши овие 6 забрани, и ќе видите, ништо лошо нема да се случи.
Не прави хаос! Децата и нередот одат заедно. Без разлика дали вашето малечко дете сака да вади работи од плакарот, да ги намачка лицето и мебелот со омилениот кармин на мама или да прави пити со кал, ваквото однесување обично е вистински кошмар за сите родители. Вашата прекрасна беж софа, за вашето дете, е празно платно што едноставно го мами да го „украси“ со пенкало или чоколадо.
Затоа, топло ве советуваме да не купувате нов мебел или да го менувате стариот, сè додека децата не пораснат до возраста кога точно знаат што е дозволено, а што не. Во меѓувреме, не обидувајте се да избегнете штета, туку обидете се да ја сведете на минимум.
Покријте го каучот и фотелјите со некој поевтин материјал, отстранете ги вредните украсни предмети и, доколку е можно, ограничете ја играта на само една просторија во станот. Сепак, не забранувајте премногу. Игрите во песок, кал или вода се креативни, едукативни и забавни.