НАЈТЕМЕЛНО ДА СЕ ИСПИТА БРУТАЛНОТО НАСИЛСТВО ВРЗ УЧЕНИЧКАТА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Народниот правобранител бара одговорност од институциите

Особено се нагласува потребата од спречување на секундарна виктимизација на детето, преку внимателно и стручно постапување, избегнување на повеќекратни сослушувања и заштита на приватноста и достоинството на жртвата.

346

Народниот правобранител изразува длабока загриженост по повод информациите во јавноста за случај на сериозно врсничко насилство извршено од група ученици врз нивна соученичка, кој содржи елементи на физичко и психичко малтретирање, понижување и деградирачко постапување, соопшти институцијата.

Стравичен случај на ученичко насилство пријавија неодамна родители од општината Ѓорче Петров, во кој девојче од шесто одделение завршило на лекар и на психијатар откако било горено со цигари и понижувано од соученички во паркот близу општината. Девојчето дури било присилувано да јаде измет од куче, а чинот бил сниман со мобилен телефон.

„Ваквите настани претставуваат тежок облик на повреда на правата и достоинството на детето и укажуваат на сериозни слабости во системот на превенција и заштита од насилство во образовните установи.

Иако според достапните информации, надлежните институции презеле одредени активности, Народниот правобранител укажува дека формалното постапување не е доволно. Неопходно е да се обезбеди целосна, навремена и координирана заштита на детето жртва, како и да се утврдат сите околности и евентуални пропусти во постапувањето на надлежните субјекти.

Особено се нагласува потребата од спречување на секундарна виктимизација на детето, преку внимателно и стручно постапување, избегнување на повеќекратни сослушувања и заштита на приватноста и достоинството на жртвата.

Народниот правобранител отвори предмет за овој случај по сопствена иницијатива и ќе побара детални информации од сите надлежни институции, вклучително и од училиштето, со цел да се утврди:

– дали биле преземени сите потребни мерки за превенција и навремена заштита,

– дали постоеле претходни индикации за насилство и како било постапено по нив,

– како се обезбедува тековната заштита и поддршка на детето жртва,

– и дали се преземаат соодветни мерки во однос на сторителите.

Воедно, Народниот правобранител упатува апел за поголема родителска одговорност и грижа за децата, имајќи предвид дека воспитната и заштитната улога на семејството е клучна во спречувањето на насилното однесување. Родителите имаат обврска активно да го следат однесувањето на своите деца, да препознаваат ризици и навремено да реагираат.

Истовремено, се укажува на значајната улога на центрите за социјална работа како органи надлежни за заштита на правата и најдобриот интерес на детето. Потребно е овие институции да постапуваат проактивно, навремено и координирано, преку преземање мерки за поддршка на семејствата, работа со децата во ризик и спречување на понатамошни штетни последици.

Заштитата и грижата за децата мора да биде сеопфатна, континуирана и заснована на заедничка одговорност на сите чинители во општеството.

Воедно, Народниот правобранител апелира до надлежните институции да постапуваат со највисок степен на итност и одговорност, имајќи го предвид најдобриот интерес на детето како водечки принцип. Безбедноста на децата не смее да се сведе на формално исполнување на обврските, туку мора да значи реална, ефективна и суштинска заштита“ – се вели во соопштението на Народниот правобфранител.

ТЕЖОК СЛУЧАЈ НА УЧЕНИЧКО НАСИЛСТВО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Ученичка била горена со цигари, ја снимале со мобилен

 

Поврзани содржини