ГРУПНА ТЕПАЧКА МЕЃУ МАЛОЛЕТНИЦИ ВО АЕРОДРОМ Се извадил нож, употребен и тврд предмет
Група од петмина малолетници била нападната од уште поголема група исто така малолетници.
В.Н.(54) од Скопје вчера во полиција пријавил дека претходната вечерта околу 21:00 часот, неговиот 13-годишен син, додека бил со петмина свои другари на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од поголема група малолетници.
Притоа, според пријавеното, бил употребен и тврд предмет, а еден од напаѓачите настанот го снимал со мобилен телефон.
Исто така, другар на нападнатиот малолетник, пријавил дека напаѓачите се обиделе и него да го нападнат, при што еден од нив извадил и нож.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, вели МВР во дневнот билтен.