ГО ПОГОДИВ ИМЕТО НА БЕБЕТО КОГА ГО СОБОРИЈА ТРАМП Менталист раскажува каков трик изведувал пред пукањето во Вашингтон

Магионичар кој изведувал трик пред шефот на САД, првата дама и присутните на гала вечерата во Вашингтон раскажа за своето трауматично искуство. Тој тврди дека кога почнало пукањето го погодувал името на бебето што го чека портпаролката на Белата куќа покажувајќи го напишано на ливче хартија.

227

Првите истрели од пукањето на гала-вечерата во Вашингтон дошле во момент кога пред американскиот претседател Доналд Трамп и присутните магионичар изведувал трик. Оз Перлман, самопрогласен менталист раскажа дека бил на половина метар од Трамп мислејќи дека ќе умре скриен под масата, пишува Би-Би-Си.

Но, претходно, успеал да го погоди името на бебето кое го чека портпаролката на Белата куќа и да им го покаже на Трамп, Меланија и останатите запишано на ливче хартија.

– Луд е тајмингот на тој миг бидејќи бев токму среде настапот за првата дама, и за претседателот и за прес-секретарката (Каролин Ливит)… погодувајќи го името. Прес-секретарката наскоро ќе се породи – изјавил магионичарот.

На социјалните мрежи претходно настана фама околу содржината на ливчето.

Перлман вели дека кога ги видел специјалите од Тајната служба на САД мислел дека „ќе има бомба поради начинот на кој сите (агенти на тајната служба) одеа кон една маса.

– Не се чувствуваше како да бараат стрелец. Се чувствуваше како да сакаат да спречат нешто да се случи.

Перлман рече дека потоа „се спуштил многу брзо“.

– А потоа Тајната служба го собори претседателот Трамп, би рекол многу ефикасно, но доста насилно – рече Перлман.

Maгионичарот помисли дека ќе умре.

– Бевме на околу половина метар еден од друг (со Трамп)… лице в лице гледајќи се на земја, кога слушнав истрели и си помислив дека ќе умреме – додаде тој.

Агентите за неколку секунди го извлекле претседателот од салата. Перлман и дел од гостите излегле веднаш потоа.

Трамп подоцна изјави дека не бил загрижен за време на евакуацијата.

– Не бев загрижен. Го разбирам животот. Живееме во луд свет. Се свртев, почнав да одам, а тие рекоа „Ве молам слезете долу“. Па јас слегов и првата дама исто така слегна – додаде тој.

На социјалните мрежи исто така настана фама околу фактот што потпретседателот на САД Џеј Ди Венс 

Полицијата го идентификуваше напаѓачот како 31-годишниот Кол Томас Ален од Калифорнија. Тој бил вооружен и разменил оган со агенти на кат над салата.

Во манифест напаѓачот напишал дека сакал да нападне членови на администрацијата и дека Трамп е педофил и силувач.

Поврзани содржини