КАНЦЕЛАРОТ МЕРЦ СМЕТА ДЕКА ИРАН ГИ ПОНИЖИЛ АМЕРИКАНЦИТЕ Се покажа посилен противник од очекуваното, војната ќе потрае

Во моментов не гледам каков стратешки излез ќе одберат Американците, особено поради тоа што Иранците, очигледно, многу вешто преговараат – или исто така, многу вешто не преговараат – рече германскиот канцелар.

84

Иран ги понижи Соединетите Американски Држави и се покажа поотпорен и посилен противник отколку што Вашингтон очекуваше, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, предупредувајќи дека конфликтот веројатно нема да заврши наскоро.

– Иранците се очигледно посилни од очекуваното, а Американците очигледно немаат навистина убедлива стратегија во преговорите – рече Мерц за време на посетата на училиште во Марсберг, град во неговиот роден регион Зауерланд.

– Проблемот со ваквите конфликти е секогаш ист: не е само да влезете, туку мора да имате начин и да излезете од нив. Тоа го видовме многу болно во Авганистан, 20 години, го видовме и во Ирак. САД сосема очигледно влегоа во оваа војна без јасна стратегија. Во моментов не гледам каков стратешки излез ќе одберат Американците, особено поради тоа што Иранците, очигледно, многу вешто преговараат – или исто така, многу вешто не преговараат – рече германскиот канцелар.

Според него „целата нација на САД е понижена од иранското раководство.

– Во моментов е прилично заплеткана ситуација. И сите нè чини многу пари. Овој конфликт, оваа војна против Иран, има директно влијание врз нашето економско производство. Германија ја задржува својата понуда да распореди миноловци за да помогне во повторното отворање на Ормуската Теснина, која е клучна за глобалните испораки на нафта – рече канцеларот, додавајќи дека, сепак, предуслов за тоа е да се стави крај на непријателствата.

Поврзани содржини