РАЗМИСЛЕТЕ ДВАПАТИ СЛЕДНИОТ ПАТ КОГА ЌЕ ПРСНЕТЕ ПАРФЕМ ВО ПРИСУСТВО НА ВАШЕТО ДЕТЕ Козметиката може да ги наруши хормоните и да предизвика алергии кај малите деца
Кожата на бебињата и малите деца има ист број слоеви како кожата на возрасните, но тие слоеви се до 30% потенки што им олеснува на супстанциите, вклучително и хемикалиите, да навлезат низ подлабоките ткива и крвотокот. Затоа, размислете добро следниот пат кога ќе си прснете дезодоранс во нивно присуство, кога ќе го доближите својот образ до детето или кога ќе му дозволите да си игра со шминки!
Дали би нанеле парфем на шестмесечно бебе? Дали би им ги лакирале малите нокти со лак што содржи формалдехид? Дали би им нанеле бронзер на образите?
Истражувањето на „Тајмс“ открива дека бебињата и малите деца рутински се изложени на козметички производи за возрасни, вклучувајќи миризливи спрејови, лак за нокти, па дури и тетоважи со црна кана.
Иако ова може да звучи безопасно – или дури и Инстаграм френдли – науката раскажува позагрижувачка приказна. Кожата на бебињата е биолошки различна од кожата на возрасните: таа е потенка, поапсорбирачка и сè уште се развива.
Изложеноста на одредени производи може да доведе до непосредни проблеми како иритација или алергиски реакции, а во некои случаи може да носи и долгорочни здравствени ризици како што се хормонски нарушувања.