НЕ СТЕ ДОБАР РОДИТЕЛ АКО ГИ ШТИТИТЕ ОД СÈ Една јапонска навика може да го промени начинот на кој ги воспитуваме нашите деца
Премногу заштитените деца може да пораснат очекувајќи другите да им ги решат проблемите. Кога постепено се учат на независност, тие развиваат поголема самодоверба и отпорност.
Прашањето зошто се Јапонците се толку успешни често се поврзува со образованието, работната етика и културата. Но, лекарот и претприемач д-р Дритеш Малик нуди поедноставно објаснување: дел од одговорот лежи во навиките што децата ги учат дома, преку домашни работи и мали дневни одговорности.
Тие учествуваат во семејниот живот од рана возраст
Во Јапонија, децата често се охрабруваат да учествуваат во семејниот живот од рана возраст. Тие учат да чистат, да средуваат, да помагаат во кујната и да се грижат за сопствениот неред. Ваквите навики може да изгледаат безначајни, но имаат моќен ефект врз градењето на карактерот. Дете кое мие садови, ја средува својата соба или помага во одржувањето на домот учи дека ниедна работа не е срамна и дека придонесот кон заедницата е важен.