ГЛАДУВААТ 266 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ Најпогодени жителите на Авганистан, Судан и на Јемен
Минатата година, првпат во историјата, беше прогласен глад на две места – во делови од Појасот Газа и во делови од Судан.
Бројот на луѓе кои страдаат од глад останува драматично висок во светот, покажува извештајот на Глобалната мрежа против кризи поврзани со храна (GNAFC).
Минатата година околу 266 милиони луѓе во 47 земји биле изложени на ризик од акутна несигурност во снабдувањето со храна, се наведува во најновите податоци објавени денеска.
Во извештајот се истакнува дека 10 земји се несразмерно погодени, меѓу кои Авганистан, Судан и Јемен.
Според GNAFC, акутната несигурност во снабдувањето со храна во последната деценија се удвоила, а глобалното ниво на глад останува алармантно високо.
Во документот се наведува дека минатата година, првпат во историјата, беше прогласен глад на две места – во делови од Појасот Газа и во делови од Судан.
Во врска со оваа година, мрежата предвидува мрачна перспектива. Тековните конфликти, климатските промени и глобалната економска неизвесност веројатно ќе ја одржат ситуацијата на критично ниво во многу земји, па дури и ќе ја влошат.
Ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток дополнително може да ја влоши состојбата во одредени земји и региони, но, според мрежата, сè уште е рано за прецизни проценки.