📽️ КРВАВА ПРЕСТРЕЛКА ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО САД Eдно лице e убиено, петмина ранети

Престрелка избувна по расправија меѓу две групи во трговски центар во Луизијана, посетителите панично бегале.

38

Едно лице е убиено, а петмина се ранети во престрелка во трговски центар во американската сојузна држава Луизијана.

Според полициските информации, инцидентот се случил вчера попладне во зоната за храна во трговскиот центар „Mall of Louisiana“ во Батон Руж. Притоа дошло до расправија меѓу две групи, која прераснала во престрелка.

Властите првично соопштија дека има десет повредени, но подоцна бројот бил ревидиран. Пет лица се уапсени, соопшти локалната полиција.

 

На паркингот на трговскиот центар, веднаш по пријавата за инцидентот, биле распоредени десетици полициски возила, додека неколку хеликоптери кружеле над областа, а вооружени полицајци со панцири патролирале на терен.

Очевидците велат дека посетителите и вработените во трговскиот центар панично бегале и врескале.

 

– Помислив дека станува збор за терористички напад – изјави Алекс Терио, електротехничар кој работел во објект на неколку метри од местото на настанот.

Поврзани содржини