ЦЕНАТА НА НАФТАТА ПРОДОЛЖУВА ДА РАСТЕ Инвеститорите се загрижени од последните случувања околу Иран
Тековните нарушувања доведоа до нагло намалување на испораките од големите производители на нафта и гас од Блискиот Исток, значително намалувајќи ја глобалната понуда.
Утрово, цените на нафтата забележаа мало, бидејќи закочените мировни преговори меѓу САД и Иран и продолжувањето на затворањето на Ормускиот теснец ја поттикнаа загриженоста за снабдување.
Барел сурова нафта од типот Брент се зголеми за 0,7% на речиси 105,80 долари, додека цената на нафтата на американскиот пазар се зголеми за 0,6% 96,50 долари за барел.
Извештаите покажаа дека објавите на претседателот на САД Доналд Трамп на Truth Social, заедно со неговата одлука да ја одржи поморската блокада на иранските пристаништа, ги комплицираат перспективите за обновени преговори со Техеран.
Во вчерашната објава Трамп рече дека ѝ наредил на американската морнарица да „пука и убива“ на бродовите што поставуваат мини во теснецот, додека американските сили нападнале и на супертанкер што превезува иранска нафта во Индискиот Океан.
Во меѓувреме, прекинот на огнот меѓу САД и Иран е продолжен на неодредено време, бидејќи Вашингтон чека нов официјален предлог од Техеран, додека примирјето меѓу Израел и Либан е продолжено за три недели.
Тековните нарушувања доведоа до нагло намалување на испораките од големите производители на нафта и гас од Блискиот Исток, значително намалувајќи ја глобалната понуда.