ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА СОПРУГОТ НА СЕЛМА ХАЈЕК Е ТАТКО НА СИНОТ НА ЛИНДА ЕВАНГЕЛИСТА? Како успеа актерката да го спаси бракот по големиот скандал?
Љубовната приказна на Селма Хајек и Франсоа-Анри Пино е сè освен обична. Брз почеток, голем скандал и вонбрачно дете, раскинување, па повторно обединување – и денес брак што трае речиси две децении.
Во светот на славните, каде врските често се краткотрајни, нивната приказна се издвојува како редок пример за љубов што успеала да ги преживее сите драми.
Филмската ѕвезда Селма Хајек и нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино со кого е во брак цели две децении, се запознале во 2006 година на гламурозен настан во Венеција. Иако и двајцата веќе биле успешни – таа во Холивуд, тој во луксузната модна индустрија – деталите за нивната прва средба останале тајна.
Хајек подоцна призна дека приказната е многу романтична, но одлучила да ја задржи само за себе.
Врската напредувала многу брзо и тие веќе во 2007 година објавиле свршувачка – и вест дека очекуваат дете. Истата година се родила нивната ќерка Валентина Палома, која денес често се појавува на модни настани и на црвените теписи.
View this post on Instagram
Но, и покрај идиличната слика, следел неочекуван пресврт – парот ја раскинал свршувачката.
Најголемата драма допрва следувала. Во јавноста тогаш излезе приказната дека Пино, во раната фаза од врската со Хајек, добил син со легендарниот супермодел Линда Евангелиста.
Со години не се знаело кој е таткото, сè додека во 2011 година Евангелиста не покренала судска постапка за алиментација – по што вистината излезе на виделина.
Овој скандал силно ја потресе и јавноста и нивната врска.
И покрај сè, Хајек и Пино решиле да ѝ дадат нова шанса на љубовта. Актерката отворено зборувала дека го прифатила неговото минато – вклучувајќи ги и сите негови деца.
Денес таа често истакнува колку ѝ е важна нивната проширена семејна заедница, а интересен детал е што и Евангелиста знае понекогаш да ѝ се придружи на Хајек на некои настани.
View this post on Instagram
Пино има вкупно четири деца од претходни врски, а Салма развила блиска врска со сите нив
Двојката се венчала на Денот на вљубените во 2009 година во Париз. Хајек подоцна откри дека не ни знаела дека оди на сопствената свадба – семејството практично ја одвело на церемонијата поради нејзиниот страв од брак.
Неколку месеци подоцна организирале и раскошна прослава повторно во Венеција, а во 2018 година ги обновиле заветите на Бора Бора.
Денес важат за еден од најстабилните парови во светот на славните. Нивниот однос се темели на меѓусебна почит, приватност и силна семејна поврзаност.
Иако располагаат со богатство од десетици милијарди долари, живеат релативно повлечено – помеѓу Париз, Лондон и Лос Анџелес.
Пино е на чело на луксузниот конгломерат Керинг, во кој спаѓаат брендови како Гучи, Баленсијага и Сен Лоран, додека Хајек и понатаму е активна во филмската индустрија и хуманитарните проекти.
Приказната на Салма Хајек и Франсоа-Анри Пино покажува дека ни најголемите скандали не мора да значат крај на љубовта.
Од мистериозна средба во Венеција, преку вонбрачно дете и раскин, до стабилен брак – нивната врска поминала низ речиси сите можни искушенија.
И токму затоа денес изгледа посилна од кога било.