🎥 РИЈАНА СНИМИ НАСЛОВНА СО БЕБЕТО РОКИ „Ме засени – повеќе нема да снимаме заедно“

Бебето Роки има само седум месеци, но веќе ја доби својата прва насловна страница на која позираше со својата мајка, славната Ријана. Станува збор за насловната на списанието W Magazine.

96

Роки, која овие денови полни седум месеци, позираше заедно со својата мајка, славната пејачка Ријана, а двете на сетот се однесувале како вистински професионалки. Сепак, пејачката не пропушти да се пошегува на сметка на новата „соработка“.

– Девојки од насловна!!! Бебето Роки беше многу сериозна на својата прва насловна! Дојде на сет и ми ја затвори устата!!! – напиша таа покрај фотографиите.

Во видео објавено на нејзиниот профил на Инстаграм, пејачката вели дека се на сетот на списанието и дека им се придружила „најновата модна ѕвезда“.

– Ме засени. Ова е последното снимање што ќе го правиме заедно – вели таа низ смеа, додека камерата ја покажува малата Роки, која некој ја држи во раце додека си го гризе рачето.

Подоцна, нежно ја гали и ѝ се обраќа: „Која е оваа бебешка ѕвезда од високата мода?“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Ријанa и нејзиниот партнер Aсап Роки пред Роки веќе имаа две деца – РЗА, роден во 2022 година, и Риот во 2023 година. Но, очигледно, ѝ недостасувала токму ќерка.

Роки се роди во септември 2025 година, а според извори блиски до семејството, пејачката отсекогаш сонувала да има девојче. Со нетрпение ја чекала оваа улога – да ја облекува, да ја носи на настани и да ужива во „новиот свет“ што ѝ се отворил.

Тоа се виде и неодамна, кога малата ја однесе со себе во Париз на Модната недела – каде веднаш привлече внимание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Промената ја забележал и нејзиниот партнер. Во гостување во емисијата The Ebro Show, тој искрено зборува за татковството.

– Човеку, да имаш ќерка… тоа ме направи толку ранлив. Како повторно да сум роден – рече тој.

Додаде дека иако е сѐ уште многу мала, секој нејзин поглед го разнежнува.

– Кога ќе ме погледне, едноставно се топам одвнатре – призна раперот.

Со доаѓањето на Роки, животот на ова славно семејство доби нова димензија. А ако се суди според првата насловна – изгледа дека малата веќе го освојува светот, чекор по чекор.

Поврзани содржини