СДСМ И БУГАРИЈА НА ИСТА РЕЛАЦИЈА ЗА ТЕМАТА ЗА ДРЖАВЈАНСТВАТА Лефков вели дека СДСМ прави пародија од процесот

0

Од авион се гледа синхронизираноста на темата за државјанствата меѓу структури од Бугарија и СДСМ, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– Ваквата координација е резултат на бројните бизниси преку бугарски сметки на луѓе од врвот на СДС и фактот дека некој очигледно како да ги има фатено за врат и дека мора да испорачуваат сега. Кога на Бугарија ќе ѝ притреба Македонија во нивната јавност, СДС истиот ден изутрина на прес ја сервира таа услуга за Бугарија. Од целиот процес за државјанства направи циркус и пародија – вели Лефков.

По истиот принцип, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој, може сега да побара да нема златни визи или документи за жителство какви што има првиот човек на СДСМ во Дубаи.

– Бидејќи истите тие документи создаваат сомнеж дека би можеле да бидат употребени ако личноста сака да избега од државата поради коруптивни дејствија, кои кај овој лик се основан сомнеж. Ова нивно водење политика е незрело и е по диктат, а не согласно интересите на Македонија. Оваа реактивна политика и ваквиот поданички однос на СДС, во форма на Павлов рефлекс кога бугарски структури имаат потреба од тоа, е дегутантно и може да создава дополнителни предизвици во односите, но и да ѝ создава штети на Македонија – смета Лефков.

 

 

Поврзани содржини