„АКО НЕ СЕ ВРАТИШ, ЌЕ ОБЈАВАМ СÈ“ Малолетник ја уценувал поранешната со интимни фотографии

Малолетно девојче било уценувано од поранешното момче со закани дека ќе објави експлицитни фотографии, случајот го пријавил родител.

0

Малолетно девојче од Скопје било жртва на уцена од поранешното момче, кое ѝ се заканувало дека ќе објави експлицитни фотографии доколку таа не ја продолжи врската.

Случајот бил пријавен на 21 април околу 19:40 часот во СВР Скопје од страна на родителот, кој алармирал дека неговата малолетна ќерка трпи притисоци и закани од друг малолетник со кого претходно била во емотивна врска.

Според пријавата, осомничениот се обидувал да ја принуди девојката повторно да биде со него, користејќи закани дека ќе објави компромитирачки материјал.

За случајот е известен јавен обвинител, а надлежните институции веќе преземаат мерки за негово целосно расчистување.

Поврзани содржини