ПЕСТИЦИДИТЕ МОЖАТ ДА ГО ЗГОЛЕМАТ РИЗИКОТ ОД РАК И ДО 150 ПРОЦЕНТИ Големо истражување отвора сериозни прашања

Научниците предупредуваат дека изложеноста на земјоделски хемикалии предизвикува промени во клетките уште пред појавата на рак што укажува на тивко и постепено оштетување на организмот.

44

Изложеноста на пестициди – присутни во околината, храната што ја јадеме и водата што ја пиеме – може да биде поврзана со зголемен ризик од развој на различни видови рак, особено кај поранливите групи, покажува нова студија објавена во Nature Health.

До овие заклучоци научниците дошле анализирајќи податоци за животната средина, регистри на заболени од рак и биолошки примероци во Перу.

– Ова е првпат на национално ниво да се поврзе изложеноста на пестициди со биолошки промени што укажуваат на зголемен ризик од рак – изјавил Стефан Бертани, молекуларен биолог од Францускиот национален институт за одржлив развој (ИРД).

Ризик што се шири далеку од нивите

Авторите на студијата посочуваат дека канцерогеноста на пестицидите сè уште не е доволно истражена, што го отежнува правилното проценување на ризикот и ја одложува реакцијата на здравствените системи.

Во Перу биле идентификувани региони каде што населението е повеќе изложено на пестициди – и каде што истовремено има поголема зачестеност на одредени видови рак. Во тие области, ризикот од развој на рак бил зголемен за дури 150 проценти.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини