ПОРАНЕШНИТЕ ЧЛЕНОВИ НА УАН ДИРЕКШН СЕ СТЕПАЛЕ По расправијата меѓу Зејн Малик и Луис Томлинсон пропадна заедничкиот проект

Расправија што наводно преминала во физичка пресметка стави крај на најавениот серијал за повторно зближување на членовите на бендот One Direction

112

Поранешните членови на групата One Direction, Зејн Малик и Луис Томлинсон, наводно се нашле во центарот на сериозен конфликт за време на снимањето на заеднички проект, кој на крајот бил откажан.

Според странските медиуми, тензиите ескалирале додека работеле на патувачки серијал што требало да го прикаже нивното повторно зближување по години дистанца. Ситуацијата, како што тврди извор, од вербална расправија брзо прераснала во нешто посериозно.

– Зејн почна да провоцира, а ситуацијата брзо се претвори во кавга. Кога ја спомна мајката на Луис, тоа беше моментот кога сè тргна надолу – наведува изворот.

Наводно дошло и до физички инцидент, при што Томлинсон бил повреден и подоцна му била укажана лекарска помош.

По настанот, комуникацијата меѓу нив целосно била прекината, а проектот минатиот месец и официјално бил стопиран, бидејќи станало јасно дека соработката повеќе не е можна.

Нивниот однос со години е обележан со подеми и падови, уште од јавните несогласувања во 2015 година, кога Малик го напушти бендот. Иако подоцна ги изгладиле односите, Томлинсон еднаш открил дека токму неговата мајка го поттикнала на помирување со зборовите:

– Ми рече дека морам да му се јавам, бидејќи животот е премногу краток.

Проектот, кој требало да понуди интимен увид во нивните животи по славата, предизвика голем интерес кај обожавателите, но се чини дека сега дефинитивно е ставен крај на тоа.

Поврзани содржини