„ДАЛИ НОСИШ ДРОГА ИЛИ ОРУЖЈЕ ВО РАНЕЦ?“ Превентивна акција на полицијата во скопските средни училишта

Полицијата спроведува проверки на влез во училиштата со цел откривање дрога и оружје и спречување девијантни појави.

194

Полициски службеници вчера вршеле проверки на ученици при влез во неколку средни училишта во Скопје. Од Министерство за внатрешни работи за Плусинфо велат дека станува збор за превентивна акција.

– По претходно изготвен план, полициски службеници од СВР Скопје вршат проверки во содејство со психолошко-педагошките служби во училиштата на дел од учениците при влез во сите средни училишта во Скопје. Проверките се од превентивен карактер чија цел е спречување на девијантни појави, како и откривање на евентуално носење наркотични средства и оружје. Безбедноста во училиштата е еден од приоритетите на полицијата – ни одговорија од МВР.

Според информациите, проверките се вршат на влезовите на училиштата и се насочени кон зголемување на безбедноста, а не се поврзани со конкретен инцидент.

Акцијата е дел од засилените активности на полицијата за превенција на насилство и недозволени предмети во образовните установи.

Поврзани содржини