КИНА ГО ПРЕКИНА МОЛКОТ ЗА ВОЈНАТА ВО ЗАЛИВОТ Си Џинпинг повика на итно отворање на Ормускиот Теснец

Кина повикува на итен и сеопфатен прекин на огнот, ги поддржува сите напори што придонесуваат за враќање на мирот и апелира споровите да се решаваат низ дијалог.

200

Кинескиот претседател Си Џинпинг порача дека треба да се одржува „нормален сообраќај“ низ Ормутскиот Теснец. Си вчера разговарал телефонски со престолонаследникот и премиерот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман бин Абдулазиз Ал Сауд.

Во врска со моментната ситуација на Блискиот Исток и заливскиот регион, претседателот Си нагласи дека Кина повикува на итен и сеопфатен прекин на огнот, ги поддржува сите напори што придонесуваат за враќање на мирот и се залага за решавање на споровите преку политички и дипломатски средства.

Во Ормутскиот Теснец треба да се одржува нормален премин, бидејќи тоа им служи на заедничките интереси на земјите од регионот и на меѓународната заедница. Кина ги поддржува земјите од регионот во градењето добрососедска заедница, развој, безбедност и соработка, држејќи ја својата иднина во свои раце и промовирајќи траен мир и безбедност – рече претседателот на Кина.

Поврзани содржини